Дождот го пролонгираше отворањето на ски сезоната во Маврово додека на Попова Шапка иако има снег сезоната засега се уште затворена.

Сликата на Пониква, Крушево и Нижо Поле исто така е непроменета, без снег.

Од УХМР најавуваат нови врнежи од снег во следните денови, а дали тоа ќе доведе до поволни услови за старт на новата ски сезона во земјава засега е непознато.

Детално каква е состојбата насекаде можете да погледнете на „Skimacedonia.mk“