УХМР најави променливо и нестабилно време во текот на оваа недела. Ќе има повремени врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер.

Според прогнозата, во попладневните и вечерните часови на одредени места ќе има услови за краткотрајно невреме, со обилен пороен дожд кој може да надмине 15 литри на квадратен метар.

Во сабота времето ќе се стабилизира, но веќе во недела повторно се очекуваат врнежи. УХМР апелира до граѓаните да бидат внимателни и да ги следат метеоизвестувањата.

Извор: Република