Како што најавија од УХМР, утре се очекуваат пообилни врнежи од дожд, особено во јужните и источните делови на земјава, а дневните температури ќе забележат пад за повеќе од 10 степени.
Пад на дневните температури за повеќе од 10 степени и пообилни врнежи особено во јужните и источните делови на земјава се очекуваат во текот на утрешниот ден, најави Управата за хидрометеоролошки работи.
Под влијание на влажна и студена воздушна маса во недела и понеделник ќе биде облачно, ветровито и значително постудено со врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места врнежите ќе бидат од снег.
Пообилни врнежи (над 20 л/м2) ќе има во недела, особено во јужните и источните делови. Дневните температури ќе се намалат за повеќе од 10 степени.
Од вторник, пак, како што најавија од УХМР, на места ќе има утрински температури под нулата, а дневните ќе бидат во постепен пораст.