Времето денеска низ земјава ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд
Времето денеска низ земјава ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, на повисоките места од дожд и снег, а на планините од снег. Ќе дува слаб ветер од променлив превец.
Минималните температури ќе бидат во интервал од 3 до 8, а максималните ќе достигнат од 8 до 13 степени.
Во Скопје ќе преовладува променливо облачно време со повремен слаб дожд. Минималните температури ќе се спуштат до 5, а максималните ќе достигнат до 10 степени.
Продолжува периодот на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Пообилни врнежи ќе има во недела кога ќе преминуваат во снег и во некои од пониските места.
Од понеделник во текот на денот ќе настапи постепено стабилизирање на времето со опаѓање на утринските температури, а дневните ќе бидат во пораст.
