Утре времето ќе биде променливо облачно со засилен, наместа повремено силен ветер од јужен правец, над 60 километри на час, информираат од УХМР.

Попладне под влијание на циклонска активност ќе има врнежи од дожд, најпрво во западните делови. Врнежите ќе продолжат во ноќните часови и во сабота, кога ќе бидат пообилни, на повеќе места над 30 литри на метар квадратен, а наместа ќе бидат поројни и проследени со грмежи.

Во недела ќе дува засилен јужен ветер, а локални врнежи се очекуваат попладне во западните делови.

Температурите ќе се задржат релативно високи.