До петок ќе преовладува претежно стабилно и топло време, освен во планинските подрачја каде ќе има изолирана појава на краткотраен пороен дожд.

За време на викендот се очекува на места да биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Дневните температури од недела ќе бидат во опаѓање.