Управата за јавни приходи ги информира даночните обврзници и корисниците на електронските услуги на системот е – персонален данок, дека се врши надградба на системот е – ПДД. Поради тоа, системот е-ПДД ќе биде во прекин почнувајќи од денес во 16:00 часот. Интервенцијата ќе се извршува за време на претстојниот викенд, а по завршувањето на активностите, УЈП навремено ќе информира.
Ја известуваме јавноста дека поради овој процес за надградба на системот можни се и прекини во работењето на апликацијата Мој ДДВ. Ги замолуваме даночните обврзници и корисниците на услугите на УЈП да имаат разбирање додека трае надградбата на системот, бидејќи истата ќе овозможи поквалитетни услуги за крајните корисници, велат од УЈП
Од таму додаваат дека поради вршење на оваа надградба ќе биде отежнато пријавување на даночните пријави преку системот е- Даноци, и од тие причини рокот за поднесување на ДДВ -04 пријавите се продолжува заклучно со понеделник 29.01.2024 година.