ЦеНИИс е нов инструмент на УКИМ со цел да ја зајакне интернационализацијата и меѓународната соработка. Неговата мисија е да ги поврзува научниците и истражувачите кои работат и творат во светот, а кои потекнуваат од нашата држава, да воспостават соработка со УКИМ, да се вмрежуваат со нашиот научен кадар и со млади истражувачи и преку синергија да развиваат научни интердисциплинарни јадра во различни области. На тој начин ќе придонесат кон подобрување на видливоста на УКИМ во меѓународниот научно-истражувачки простор.

Постојани членови на Центарот се научници и професори на странски универзитети, по потекло од нашата држава: проф. д-р Јадранка Стојановска од Њујорк универзитетот во САД, проф. д-р Розита Димова од Универзитетот во Гент, Белгија, проф. д-р Петар Поповски од Алборг универзитетот во Данска и проф. д-р Никола Стиков од Универзитетот во Монтреал, Канада. Говорниците дебатираа за нивната мотивација да се приклучат кон Центарот и да придонесат со свои иницијативи и активности да се развијат различни форми на интердисциплинарни соработки со академската заедница на УКИМ, за условите за членство и начините за мотивација на македонските истражувачи низ светот да се приклучат кон иницијативата на ЦеННИс и да соработуваат со УКИМ.

Панелот „УКИМ во интернационални рамки“ го водеше проректорот за наука проф. д-р Валентина Гечевска и учествуваа (со физичко присуство и онлајн) 185 припадници на академската заедница на УКИМ и голем број од меѓународната научноистражувачка заедница од повеќе земји во светот.
Опсервер: УКИМ го промовираше Центарот за напредни интердисциплинарни истражувања | opserver.mk