Целта е воспоставување на долготрајно партнерство кое ќе овозможи јакнење на врската помеѓу здравствениот систем и достигнувањата во високото образование и науката.

– Оваа соработка ќе се темели на заемна доверба и разбирање, врз основа на заложбата за унапредување на здравствениот систем, како и образовниот систем во земјава. Во рамките на оваа соработка ќе се воспостави постојана размена на искуства, знаења, податоци и информации во насока на реализација на практикантска обука на студенти за времетраење на студиите, заедничко учество во проекти финансирани од земјите членки на Европската Унија, како и користење на меѓународните фондови за развој на земјите од Западен Балкан, како и заемно помагање преку специјализиран тренинг и едукација во областа на здравството, истакнаа од УКИМ.

Притоа, Универзитетот и Асоцијацијата на претставниците на странски производители на иновативни лекови се обврзаа да ја одржуваат и продлабочуваат меѓусебната соработка со заедничко учество на работилници, стручни семинари, конференции, трибини, форумски дебати, обуки и слично