Од 10.35 часот ЈП „Македонијапат“ соопшти дека е укината забраната за сообраќај на камиони и автобуси на патниот правец Тетово – Попова Шапка.

Претходно, поради обилни врнежи од снег, од 7.40 часот беше воведена забрана за сообраќај на тешките товарни возила и автобуси на овој пат.

Екипите на „Македонијапат“ беа на терен за чистење и одржување на коловозот, а возачите беа повикани да ја прилагодат брзината на условите и задолжително да користат зимска опрема.