Сообраќајот за тешки товарни возила на патот Гостивар – Кичево преку планинскиот превој Стража е повторно дозволен од 9:00 часот, откако претходно беше воведена забрана поради обилни врнежи од снег.

Претходно, од 6:50 часот, забрана за камиони беше воведена и на патните правци крак Маврово – Дебар и Гостивар – Кичево преку Стража.

Надлежните апелираат возачите да ја прилагодат брзината на условите на патот, да возат внимателно и задолжително да користат зимска опрема. Екипите на ЈП „Македонијапат“ се на терен и работат на расчистување и одржување на коловозите.