Полицијата презема мерки за расчистување на случајот
Вчера во скопската полиција било пријавено дека од предната страна на зградата на странска амбасада во Скопје бил одземен нејзиниот државен грб. Во полициското соопштение не се наведува за која амбасада станува збор.
„На 16.04.2023 во 9:54 часот во СВР Скопје било пријавено дека од фасадата пред влезот на странска амбасада во Скопје бил одземен нивниот државен грб“,
велат од СВР Скопје.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.