Украден е кабел од влечен мотор на локомотива во кругот на ЖРСМ Транспорд АД Скопје, поради што таа не е во функција.
-Во кругот на ЖРСМ Транспорт АД-Скопје, во Одделот за одржување на влечни средства, утврдена е извршена кражба на кабел од влечен мотор од локомотива серија бр. 642 и делови и кабли од манипулатор. Поради кражбата на деловите и дополнителните оштетувања, оваа локомотова не е повеќе во возна состојба, со што е направена енормна штета на компанијата, имајќи ги предвид малиот број на возни средства со кои располага истата, наведуваат во соопштение од ЖРСМ Транспорт.
Кражбата е пријавена до Министерството за внатрешни работи и е утврдена фактичката состојба од страна на Одделот на криминалистичка техника, со што е започната истражна постапка.
-Бидејќи кражбата е извршена во кругот на ЖРСМ Транспорт АД-Скопје, стојат претпоставките дека оваа кражба не претставува ништо друго, туку саботажа на работењето на компанијата, стои во соопштението