Украинскиот министер за одбрана Алексеј Резников денеска соопшти дека во таа земја пристигнале американски артилериски ракетни системи (ХИМАРС).
-Благодарност до мојот американски колега и пријател, секретарот за одбрана Лојд Остин, за овие моќни системи. Летото ќе биде жешко за руските окупатори. И последно за некои од нив, објави Резников на Твитер.
Според британски медиуми, украинскиот министер за одбрана не навел како артилериските ракетни системи пристигнале во земјата.