Украинскиот шеф на дипломатијата разговараше со израелскиот премиер, Јаир Лапид, за барањето на Киев да испрати систем за противракетна одбрана и систем за противвоздушна одбрана.

Разговарав со израелскиот премиер Јаир Лапид и го информирав за неискажливото страдање, загубата на животи и уништување предизвикани во Украина од руски ракети и ирански беспилотни летала. Разговаравме детално за барањето на Украина до Израел за противвоздушни и ракетни одбранбени системи“, објави Кулеба.

Иако Израел ја осуди руската инвазија на Украина, најави и дека нема да испраќа оружје во Киев. Тој ја ограничи својата помош за Украина на хуманитарни потреби, нагласувајќи ја неговата желба за продолжување на соработката со Москва во врска со Сирија, но и заштита на руските Евреи.

Израел неодамна понуди да и’ помогне на Украина да развие систем за предупредување од воздушен напад. Канцеларијата на Лапид објави дека израелскиот лидер уште еднаш ја изразил поддршката на Израел за Украина, додавајќи дека се „длабоко загрижени“ за воените врски меѓу Иран и Русија.