Најмалку 11 лица загинаа, а 64 се повредени во руските воздушни напади денеска во Украина, информираше украинската државна служба за итни случаи.
Претходно имаше информации за 10 загинати и 60 повредени лица, како резултат на руските напади на различни области на територијата на Украина.
Министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба на Твитер напиша дека „бесмислицата оти Путин бил „испровоциран“ мора да запре“.
„Нему не му е потребно ништо за да го „испровоцира“ да изврши грозоморни злосторства“, смета украинскиот министер