Украинската Влада усвои резолуција за спроведување на договорот за слободна трговија со Северна Македонија, усвоен во октомври 2022 година, соопшти РБЦ-Украина повикувајќи се на Министерството за економија, пренесе МИА.
Според трговскиот претставник на Украина, Тарас Качка, оваа резолуција ќе овозможи договорот за слободна трговија меѓу Украина и Северна Македонија, ратификуван пролетта, целосно да биде применет. Тоа ќе овозможи и промена на механизмот на царинење на земјоделски производи и увоз на стоки од Северна Македонија без давачки во рамките на тарифната квота.