Украинскиот претседател Володимир Зеленски најави помош во вредност од 150 милиони долари, која ја собра за време на самитот „Жито од Украина“ во Киев, за земјите најпогодени од глад и суша.

До 60 украински бродови со житарки ќе бидат испратени до средината на следната година во некои од најсиромашните земји во светот во Африка, изјави претседателот на Украина, Володимир Зеленски.

Суштината на програмата „Жито од Украина“ е земјите учеснички во проектот да купуваат земјоделски производи од украински производители – при што приоритет имаат малите и средни претпријатија – и да ги транспортираат во земјите на кои им се заканува прехранбена криза.

Американската Агенција за меѓународен развој (USAID) веќе се согласила да обезбеди до 20 милиони долари преку Светската програма за храна на Обединетите нации.

Британскиот министер за надворешни работи Џејмс Клеверли, за време на неговата посета на Украина во вторникот најави и дополнителна финансиска помош.

Во овој потегкој претставува предизвик за наративот на Русија дека западниот одговор на нејзината „воена операција“ во Украина го влоши веќе постоечкиот недостиг на храна во Африка, Зеленски вели дека бродовите што поаѓаат од украинското пристаниште Одеса можат да стигнат до клучните хуманитарни точки како оние во Судан, Јемен и Сомалија, но посочува дека тоа е можно само со помош на меѓународни субвенции.

Програмата „Жито од Украина“ ја организираат голем број владини субјекти, невладини организации и приватни корпорации.

Еден брод, финансиран од Германија, веќе заминал за Етиопија, а следните три би требало да одат во Судан, Сомалија и Јемен.

Андриј Јермак, шеф на кабинетот на претседателот, вели дека започнувањето на оваа програма претставува клучен историски момент не само за Украина, туку и за сите земји кои се соочени со сериозен недостиг на храна поради тековниот конфликт.

Јермак ја повика меѓународната заедница, вклучително и приватните фондации, да помогнат во финансирањето на трошоците за испорака на храна во земјата кои се соочуваат со прехранбема криза.