Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба изјави дека ќе има два услови за крај на војната: Русија да се откаже од своите планови за инвазија и да ги повлече своите трупи од украинско тло.
За да заврши војната во Украина мора да се направат две работи – мислењето во Кремљ мора да се промени, а силите, како што е Индија, можат да помогнат во тоа. Москва мора да се откаже од своите воени планови и да се префрли од военохушкачки на мирољубив начин на размислување. Второ, Русија мора да ги повлече своите сили од целата територија на Украина – рече Кулеба за индискиот информативен канал NDTV.