Украина објави дека уапсила човек што се инфилтрирал во украинската армија и обучувал украински војници и тој е, како што тврдат, руски шпион.
Украинската безбедносна служба соопшти дека еден маж е уапсен во Миколаев, јужна Украина, кога било откриено дека собирал разузнавачки информации за Русија.
Во тек е предистражна постапка за да се идентификуваат сите лица вклучени во непријателските разузнавачки и субверзивни активности“, додаваат од Украинската служба за безбедност.