Русија мора да ги повлече сите свои војници од територијата на Украина пред да има какви било преговори, соопшти Министерството за надворешни работи во Киев како одговор на повторените понуди на Москва за преговори во последно време, јави ДПА.
„Единствениот реален предлог би бил итен прекин на војната на Русија против Украина и повлекување на руските вооружени сили од украинските територии“, изјави портпарол.
„Ако Русија навистина сака да преговара, мора да престане да ја уништува енергетската инфраструктура на Украина“, изјави портпаролот на Министерството за надворешна политика на Украина.
„Не можете да сакате да преговарате и истовремено да бомбардирате украински станбени области, да мобилизирате 300.000 резервисти и да го блокирате извозот на жито“, додаде тој.