Украина побара од Турција да го ограничи минувањето на руските воени бродови низ Босфорот и Дарданелите.

„Ги повикуваме турските власти да и помогнат на Украина. Бараме Босфорот и Дарданелите да бидат затворени за руските воени бродови”, изјави украинскиот амбасадор во Анкара Вадили Боднар, пренесува „ТАСС“.

Украинскиот парламент, Врховната рада, денеска го потврди указот на претседателот Володимир Зеленски за воведување воена состојба на територијата на целата земја, јавија украинските медиуми.

Зеленски утринава објави дека прогласува воена состојба, откако рускиот претседател Владимир Путин нареди специјална воена операција во Донбас во источна Украина.