Украинската државна нуклеарна компанија „Енергоатом“ денеска соопшти дека помогнала да се обноват интернет врските меѓу Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) и серверот на украинската нуклеарна централа во Запорожје, што е окупирана од руските сили.
Во соопштението на „Енергоатом“ се наведува дека врската со серверите на централата била изгубена на 30 мај, но дека таа била обновена на 10 јуни, што и овозможило на МААЕ да продолжи со следењето на податоците за контролата на нуклеарниот материјал во централата, пренесуваат британските медиуми.
Руските сили ја зазедоа нуклеарната централа Запорожје на почетокот на март.