Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба го повтори ставот на украинскиот претседател Володимир Зеленски дека елиминацијата на војниците во Мариупол може да биде „црвена линија“ што ќе ги запре мировните преговори.

Кулеба рече дека Украинците „продолжуваат со својата борба“, но дека градот всушност повеќе не постои поради масовно уништување.

Тој ја опиша ситуацијата во Мариупол како ужасна и потресна бидејќи преостанатите украински војници и цивили биле опколени од руските сили.