Украина размени 76 свои воени заробеници со Русија, потврди вицепремиерката Ирина Верешчук, која кажа дека за време на размената Русија и предала на Украина 60 војници и 16 цивили, пренесе „Скај Њуз“.

Во размената биле вклучени и 10 украински офицери, додаде таа.

-Ова беше петта размена на воени заробеници, со вкупно 76 лица, рече Верешчук во изјавата.