Речиси илјада згради се уништени во украинскиот град Харков, како резултат на руско гранатирање, соопшти Украинската државна служба за вонредни состојби.
Повеќето од нив се станбени згради, јави Би-Би-Си.
Руските сили повеќе од три недели го гранатираат Харков, град на само 50 километри од руската граница.
Според украинските власти, таму се убиени најмалку 500 цивили.