Трговски центар и два хотели биле погодени вчера во руските напади во пристанишниот град Одеса.

Три проектили Кинџал, новите руски хиперсонични ракети, биле истрелани од авиони и погодиле „цели на туристичката инфраструктура“, изјави Сергеј Братчук, портпарол на регионалната воена администрација на Одеса.

-По ракетрниот напад хоспитализирани беа две лица, рече Братчук.

Јужната оперативна команда на украинските вооружени сили потврди дека трговскиот центар бил погоден и со седум други проектили. Во нападот биле повредени пет лица, а едно лице загинало, наведе Јужната оперативна команда.