Украинската воздушна одбрана, денеска, во раните утрински часови, собори 13 руски крстаречки ракети насочени кон воен аеродром во западниот регион Хмељницки, соопштија украинските воздухопловни сили.
Ракетите биле лансирани од руски стратешки бомбардери од област кај Каспиското Море, се наведува во соопштението, пренесено од британските медиуми.
Сирените за воздушен напад утрово се огласија ширум Украина, предупредувајќи за напади со руски ракети и беспилотни летала.