Игор Жовква, заменик-шеф на кабинетот на украинскиот претседател, денеска изјави дека Украина нема доволно воена опрема за да започне контраофанзива против Русија.
„За да започнете контраофанзива, чиј резултат е ослободување на украинските територии, потребни ви се доволно артилериски системи и муниција. Ви требаат оклопни возила и тенкови. Сакаме оваа контраофанзива да биде што е можно поуспешна“, рече соработникот на украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Тој рече дека Зеленски ги посетил европските соседи, како и Велика Британија, Германија и Италија со „главна цел да побара дополнителна воена помош“, пренесува Скај Њуз.
– За жал, нивото на опрема што го имаме се уште не е доволно за да започнеме контраофанзива, потенцира Жовква.
На прашањето за мировната иницијатива на африканските лидери Жовков одговори дека единственото соодветно решение е украинското. Јужноафриканскиот претседател Кирил Рамафоса денеска изјави дека претседателите на Русија и Украина се договориле да разговараат за планот за ставање крај на војната во Украина со делегација на шефови на африкански држави на одвоени состаноци.
„Војната се води на територијата на Украина. Затоа, единствен прифатлив план е и ќе биде украинскиот план. Подготвени сме да ги слушнеме предлозите на државите. Знаеме за кинеските идеи. Минатата недела претставник на бразилскиот претседател го посети Киев, но единствениот план што Украина ќе го спроведе е планот на Зеленски“, потенцираше тој.