Во деветте размени на затвореници со Русија, 324 Украинци се спасени од почетокот на војната во февруари, соопшти Службата за безбедност на Украина.
„Сето ова е постигнато како резултат на систематската и сеопфатна работа на Заедничкиот центар за претреси и ослободување на затвореници, што работи под покровителство на врховниот командант на вооружените сили на Украина – претседателот Володимир Зеленски“, се наведува во соопштението.
Од Службата за безбедност информираа и за специјална телефонска линија за информации, наменета за пријавување незаконско лишување од слобода или заробување на нивни граѓани. Мотото на службата е „Да ги вратиме Украинците дома!“.