Руски генерал е убиен во украинскиот град Чернобаевка по артилериски напад, објави денеска Генералштабот на украинската армија, наведувајќи дека е убиен генерал-полковник Андреј Мордвичев, командант на 8-та армија на Јужниот воен округ на Оружените сили на Руската Федерација.
Оваа информација не е потврдена, а ја објави украинската армија на својот официјален профил на Твитер.
Ова е петти руски генерал кој, според Украинците, загинал за нешто повеќе од 20 дена војна.
Пред само три дена Украина објави дека го убила генерал-мајор Олег Митјаев за време на интензивните борби во предградие на југоисточниот град Мариупол.