Генералштабот на украинската армија синоќа соопшти дека армијата ги има документите од рускиот воен план, пренесува агенцијата Анадолија.

„По успешните операции на украинската армија, руските војници во паника оставија зад себе некои тајни документи“, се вели во соопштението на Генералштабот на вооружените сили на Украина.

Се наведува дека „воениот план со Украина“ бил одобрен на 18 јануари 2022 година. Окупацијата на цела Украина требаше да биде завршена во рок од 15 дена, од 20 февруари до 6 март“, се вели во документот.