Украина го нападна окупираниот Мелитопол, град со стратешка локација во југоисточниот дел на земјата.

Русите соопштија дека во ракетниот напад загинале две лица, наведува агенцијата Ројтерс.

Промосковските власти во областа велат дека во ракетниот напад загинале две лица, додека Иван Федоров, прогонетиот градоначалник на Мелитопол вели дека десетици напаѓачи биле убиени.

Федоров тврди дека нападот погодил црква која Русите ја претвориле во собирно место. Советникот на украинскиот претседател Зеленски вели дека градот Мелитопол е од клучно значење за одбраната на југот.