Стотици украински деца се убиени во руските напади од почетокот на војната во февруари. Повеќе од 640 биле ранети.

Украинските власти соопштија дека досега се оштетени 2.102 образовни институции, од кои 215 се целосно уништени.

Инаку , од утрово најмалку четворица цивили загинаа, а 12 се ранети во руските напади врз градот Славјанск во областа Доњецк.

Вчера пак беше објавено дека најмалку 21 лице загинало во ракетни напади врз областа Одеса во јужна Украина, додека десетици се повредени.