76 украински воени заробеници се вратени во Украина во замената со Русија, потврди вицепремиерката на земјата.

Ирина Верешчук објави дека Русија за време на размената ѝ предала на Украина 60 војници и 16 цивили.

Во размената учествувале 10 украински офицери, додаде таа.

„Ова беше петта размена на воени заробеници. Вкупно 76 лица“, се вели во соопштението на Верешук.