Руските сили во текот на ноќта го разнесоа клучниот мост што го поврзува опколениот град Бахмут во источна Украина со блиското село Хромово, соопшти украинската полиција.

Полицијата во градот Константинивка изјави за Си-Ен-Ен дека се надева дека мостот ќе биде поправен во наредните денови, бидејќи тој е витална артерија за евакуација на цивили и испорака на залихи како муниција.

Мостот е и последната главна рута за снабдување од Бахмут до градот Часив Јар.

Армијата сè уште може да пристапи до Бахмут преку полињата, соопшти полицијата.

Бахмут е сообраќаен центар и преку него ги снабдува украинските војници на истокот на земјата.