Генералштабот на украинските вооружени сили соопшти дека руските трупи се подготвуваaт за напад врз Киев. Во билтенот објавен во раните утрински часови денеска, Генералштабот соопшти дека руските трупи имаат за цел да преземат целосна контрола врз градовите Ирпин и Буча, непосредно пред Киев. Руските трупи, исто така, „се обидуваа да обезбедат тактичка предност за да стигнат до источното предградие на Киев преку областите Броварски и Бориспил“, се вели во билтенот.

– Прилично голема количина на руска воена опрема и руски војници се концентрирани на приодите кон Киев, изјави советникот на Министерството за внатрешни работи Вадим Денисенко за украинската телевизија.

– Разбираме дека битката за Киев е клучна битка што ќе се води во наредните денови.