Портпаролот на украинската Легија на странци денеска ги прозва воените покровители на Украина, за кои, рече дека имаат „чувство на самозадоволство“ од дадената помош, потенцирајќи дека на земјата и треба многу поголема поддршка доколку сака да ја победи руската армија.
– Постои одредено чувство на самозадоволство меѓу нашите западни партнери кои чувствуваат дека веќе ја снабдиле Украина доволно за да победи во војната, рече Демиен Магру на прес-конференција, пренесува Си-Ен-Ен.
– Ве молиме, продолжете да испраќате тешко оружје, ракети со долг дострел, противбродски проектили. Сите овие работи ни требаат на бојното поле. Тие беа потребни вчера. Колку подолго чекаме, толку повеќе мртви ќе има, додаде тој.