Главниот град на Украина е целосно под контрола на украинските војници, а сите информации за наводна целосна опколеност на градот од руски сили се лажни, изјави Михаило Подољак, советник на украинскиот претседател.
-Многу медиуми шират лажни вести дека Киев е наводно опколен од руски војници. Русите можат само да сонуваат за тоа. Киев е целосно под контрола на украинските трупи. Во градот може да се влезе. Престрелки има во некои предградија, имаше и жестоки судири. Но, престолнината нема да ја дадеме. Ова е нашиот главен град, нашата земја, изјави тој.
Подољак уште предупреди дека во Украина нема место за руска војска. „Тие треба да ја напуштат нашата земја, и да ги понесат во сандаци телата на нивните соборци што скапуват по полињата. Не можеме ниту да ги изброиме, уште помалку да ги собереме, борби се водат насекаде, додава тој, истакнувајќи дека руската страна нема да успее да ја прикире реалноста со своите фалсификати.
Претходно беа лиферувани информации со наводни изјави на градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, како вели дека Киев е опколен и оти е невозможна евакуација. Кличко самиот подоцна ги демантираше таквите информации.