Гувернерот на украинската област Запорожје, Олександр Старух денеска изјави дека во одвоени инциденти повредени се четири деца.
– Четири деца се префрлени во болница, објави Старух на социјалните мрежи.
Тој исто така наведе дека руските сили гранатирале автобус со кој се евакуирале цивили од линијата на фронтот.