Штетата од кражбата на накит од музејот Лувр минатиот викенд е околу 88 милиони евра, изјави денеска париската обвинителка Лор Беко.
„Тоа е исклучително спектакуларна сума, но не може да се изрази колку е историска штета“, рече Беко, а објави Фигаро.
Обвинителката процени дека крадците нема да ги заработат наведените 88 милиони евра, особено не ако им текне „екстремно глупава идеја“ за топење накитот.
„Можеме да се надеваме дека ќе размислат и нема да ги уништат скапоцените камења без причина“, рече Беко.
Кога станува збор за истрагата, таа потврди дека се анализираат сите отпечатоци од прсти од местото на злосторството, наведувајќи дека постои можност криминалците кои го извршиле грабежот веројатно имале голем број тимови за поддршка околу нив.
Кога беше прашана за постоењето на можно внатрешно соучество во рамките на најпосетуваниот музеј во светот, г-ѓа Беко одговори дека во оваа фаза не може ниту да потврди ниту да негира.
Според неа, покрај судиите од Меѓурегионалната специјализирана надлежност (JIRS) на париското обвинителство кои ја водат истрагата, на случајот работата и околу стотина истражители од Париз.
Во неделата претпладне, околу 9,30 часот, во познатата галеријата Аполон, во рамките на музојот Лувр, провалиле четири лица, користејчи механичка скала монтирана на возило за да се искачат до галеријата.
Крадците го исекле безбедносното стакло и зеле девет предмети од непроценлива културна вредност, а еден од нив, круната на царицата Евгенија, сопруга на Наполеон III, била пронајдена на самото место, а се претпоставува дека сторителите паднале за време на бегството.
Предметите потекнуваат од 19 век и припаѓале на француското благородништво, украсени се со илјадници дијаманти и други скапоцени камења. (МИА)