Улицата „1600“ во скопската општина Ѓорче Петров по три децении доби асфалт. Овој проект беше ветување на градоначалникот на општината Александар Стојкоски.
-Улицата е долга 850 метри и широка 4 метри и ја реконструиравме со сопствени средства. На ул.1600 има и доста индустриски капацитети со над 150 вработени кои со години се соочуваа со лоша инфраструктура. Со жителите на оваа улица денес остварив и средба на која тие изразија благодарност до општината за експедитивното постапување при решавањето на овој долгогодишен урбанистички проблем, соопшти Стојкоски.
Граѓаните ги поздравија заложбите на надлежните за брзо урбанизирање на општината.
– Проблемите на граѓаните се и наши проблеми. Се заложив и натаму чесно и домаќински да работиме во насока инфраструктурни решенија. И не само во полето на инфраструктурата, туку во сите сфери. Нашата општина мора да продолжи во насока на брз развој, порача градоначалникот.