На граничните премини, од македонската страна нема подолги задржувања за влез и за излез од државата, информира Автомотосојузот на Македонија во вечерниот извештај за состојбата на патиштата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Тоа посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.