Сликата на кој се прикажува како се бакнуваат српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти стана популарна низ целиот Балкан, објави BBC.
„Поминаа 23 години од војната во Косово и 15 години од прогласувањето независност, но и двете земји се уште се заглавени во политички процеси од кои губат граѓаните и од двете страни“, изјави Мурати за Би-Би-Си на српски јазик.
Затоа, како што вели, нејзината слика на која Вучиќ и Курти се бакнуваат – објавена на 17 февруари, денот на независноста на Косово, всушност е критика и за двајцата политички лидери.
„Добив еднакви навреди и закани и од Албанци и од Срби, пред се затоа што се работи за бакнување на двајца мажи, иако пораката е всушност политичка“, вели Мурати, која своето дело го објавува под псевдонимот Портокалова девојка.