Новата учебна година е извор и почеток на нова детска радост, денови кога повторно го слушаме детскиот џагор и ја чувствуваме нивната посебна енергија насекаде околу нас, рече Билјана Јанева од ВМРО-ДПМНЕ.
-Како Унија на млади сили, на сите ученици им посакуваме среќна и успешна учебна година, но истовремено не забораваме и на нашите сограѓани кои се соочуваат со финансиски и други потешкотии во овој дел од годината. Со денешната акција која ја спроведуваме, собираме материјали кои се потребни за безгрижно детство и успешен почеток на учебната година, а кои ќе бидат доставени до поединци, млади семејства и хуманитарни организации кои работат во оваа дејност. Акцијата на УМС се одвива во 30 населени места низ цела Македонија, а за таа цел, нашите членови, симпатизери, како и одговорни граѓани, на пунктовите низ државата даваат свој придонес во разубавувањето на овој период од годината на многу млади луѓе. Денес, подаруваме нешто што е за нас малку, но истовремено е извор на среќа, сигурност и стабилност на голем број семејства низ Македонија, истакна Јанева.
Хуманоста е вредност според која се водиме, а УМС е авангарда во процесите кои ја враќаат довербата во луѓето, кои потсетуваат на важноста од нашата човечност, солидарност и грижата за нашата нација, додаде Јанева.