Над 150 објекти од културата се делумно или целосно уништени за време на речиси четиримесечната војна во Украина, соопшти денеска Организацијата за наука, образование и култура на Обединетите нации (УНЕСКО).
-Во борбите делумно или целосно се уништени 152 културни објекти, вклучувајќи 70 верски објекти, 30 историски објекти, 18 културни центри, 15 споменици, 12 музеи и седум библиотеки, се наведува во соопштението на УНЕСКО.
Три четвртини од овие уништени објекти се наоѓаат во три украински региони – Доњецк, Харков и Киев.
Увидот од терен го извршија експерти на УНЕСКО.