Како што информираат од Министерството за надворешни работи, во фокус на разговорите ќе бидат севкупните билатерални и економско-трговски односи, како и актуелните политички случувања со акцент на последните заклучоци донесени на декемврискиот Совет за општи работи на Европската унија.
Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто во работна посета на Скопје
У
Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска ќе го пречека министерот за надворешни работи и трговија на Унгарија, Петер Сијарто, кој ќе престојува во еднодневна работна посета на нашата земја.