Мерката е дел од напорите за намалување на јавните трошоци и зајакнување на фискалната дисциплина
Унгарскиот парламент донесе одлука за намалување на платите на пратениците за 40 проценти, со цел да се намали притисокот врз јавните финансии и да се демонстрира политичка одговорност.
Одлуката била усвоена едногласно, откако сите 189 присутни пратеници на седницата гласале во нејзина поддршка.
Според новите правила, од следниот месец основната бруто плата на унгарските пратеници ќе изнесува 3.690 евра.
Владејачкото мнозинство смета дека заштедите што ќе произлезат од оваа мерка ќе бидат доволни за покривање на годишните трошоци за функционирање на парламентот.
Покрај намалувањето на платите, се укинува и надоместокот за мобилни телефони, а ќе бидат намалени и додатоците за канцеларии, станови и персонал.
Новоизбраниот премиер Петер Маѓар ја поврза реформата со мерките за фискална дисциплина и борба против корупцијата во земјата.
Во меѓувреме, Ференц Биро, кој раководи со независен антикорупциски орган, изјави дека за време на 16-годишното владеење на Виктор Орбан, корупцијата ја чинела Унгарија најмалку 186 милијарди евра.
