Агенцијата за бегалци на Обединети нации (УНХЦР) соопшти дека руската инвазија врз Украина предизвикала најголем бран бегалци од Втората светска војна.

– Повеќе од 7,9 милиони луѓе ја напуштиле земјата досега, а уште 5,9 милиони се раселени во Украина, изјави претставникот на УНХЦР во Германија, Катарина Лумп.

Таа додаде дека поради руската инвазија има 14 милиони бегалци, што е повеќе од една третина од вкупното население на Украина, која има 41 милион жители.