Повеќе од 160 милиони деца низ светот се експлоатирани преку каков било облик на работа, се наведува во извештајот на Меѓународната организација на трудот (МОТ) и Фондот за деца на Обединетите Нации (УНИЦЕФ).

Двете организации предупредуваат дека без стратегии за поддршка, бројот на работните деца до крајот на оваа година може да се зголеми за 8,9 милиони поради поголемата сиромаштија и зголемената ранливост.

Во извештајот се забележува дека на децата им е потребна социјална заштита која ја намалува сиромаштијата и ранливоста на семејствата.

МОТ и УНИЦЕФ повикаа за надминување на јазот во опсегот на социјалната заштÐ �та за 1,5 милијарди деца во светот, кои сè уште не се поддржани од семејна или детска парична помош.